Почитувани ученици, денеска за вас започнува новата учебна година. Ви посакувам да започнете што подобро и да му се посветите на учењето и вашето образование. За разлика од другите населени места на нашата општина, за жал вашите врсници од населено место Ново Село нема да можат да одат на училиште во училишните простории, но и овој почеток на учебната година ќе ја започнат во приватни објекти. Општина Боговиње има обезбедено сретства за одржување, и овие ученици да имаат услови за учење, но ние сме свесни дека дури и не се близу до условите на нормалното училиште. Ве информираме дека Општина Боговиње ги има пополнето сите барања од страна на Министерството за Образование и Наука и ги има предадено од датум 17.11.2017. После ова бевме информирани дека изградбата на училиштето во Ново Село е предвидена во буџетот на 2018 година. Но, како што и сами утврдувате ова се нема случено. Уште еднаш бараме од Министерството за Образование и Наука што побргу започне со изградбата на училиштето во Ново Село, со цел учениците да имаат можност учењето да го развиваат во нормални услови. Ова не е прва реакција од наша страна каде што бараме од оваа Министерство овој проблем да го земе што посериозно, бидејќи тука зборуваме за нашите деца, албанските деца кои што заслужуваат да се третираат што подобро. Ние како општина ќе продолжиме да помогнеме во образовниот процес во Ново Село, но толку се нашите можности и надлежности. Ве потсетуваме дека надлежностите за изградбата на образовните објекти му припаѓаат на Министерството за Образование и Наука.
Градоначалник на Општина Боговиње
Албон Џемаили
02.09.2018
Leave Your Comment
You must be <a href="https://new.komunabogovine.gov.mk/wp-login.php?redirect_to=https%3A%2F%2Fnew.komunabogovine.gov.mk%2F2018%2F09%2F04%2F%25d0%25bc%25d0%25b8%25d0%25bd%25d0%25b8%25d1%2581%25d1%2582%25d0%25b5%25d1%2580%25d1%2581%25d1%2582%25d0%25b2%25d0%25be%25d1%2582%25d0%25be-%25d0%25b7%25d0%25b0-%25d0%25be%25d0%25b1%25d1%2580%25d0%25b0%25d0%25b7%25d0%25be%25d0%25b2%25d0%25b0%25d0%25bd%25d0%25b8%25d0%25b5-%25d0%25b8-%25d0%25bd%25d0%25b0%25d1%2583%25d0%25ba%2F%3Flang%3Dmk">logged in</a> to post a comment.