Почитувани граѓани на општина Боговиње, ова година беше прва година во која општина Боговиње со поддршка на градоначлникот, г. Албон Џемаили, почна со проектот “Oпштина Боговиње Слави”, кој е наменет за сите граѓани на општина Боговиње, додека временскиот период во кое се развиваат настаните се совпаѓа и со доаѓањето на нашите печалбари. Со музика, спорт, филм и визуелниот арт, сме се обиделе овие летни денови да ги направиме поинтересни за сите.
Почнавме со организирање на заедничкото гледање на Светското Првенство во фудбал “Русија 2018”, каде на две вечери ги гледавме полуфиналето и финалето. Во првиот полуфинален меч на 10 јули (Франција против Белгија) имавме чест меѓу нас да биде и добро познатиот фудбалер од Боговиње, Блерим Џемаили, кому во име на Општина Боговиње и градоначалникот Албон Џемаили му се додели благодарница за посебниот придонес во афирмација на албанскиот спорт во светот. Во меѓувреме, на 11 јули, го следевме вториот полуфинален меч помеѓу Хрватска и Англија. Финалето помеѓу Франција и Хрватска беше проследено на 15 јули во салата на општинскиот совет во населеното место Боговиње.
Продолживме со изложба на слики од сликари кои учествуваа во Уметничката Колонија во организација на Уметничката Галерија – Тетово, на која присуствуваа сликари од Украина, Турција, Нови Пазар, Албанија и локални сликари. На 19 јули, жителите на општина Боговиње имаа можност да ги гледаат овие дела на уметниците во паркот во центарот на населеното место Боговиње.
Кампот “Дукатот на Ново Село”, организиран од 21-22 јули од страна на друштвото на планинари “Шарските Убавини”, со поддршка на друштвото на планинари “Очите на Шара”, а под покровителство на општина Боговиње, беше следната активност на проектот “Општина Боговиње Слави”. На овој спортски и рекреативен настан присуствуваа повеќе од 200 љубители на кампови и љубители на природата.
Концертот на современа музика одржана на 23 јули беше прва од ваков вид организирана во општина Боговиње од нејзиното основање. Во оваа забавна вечер на сцената се приклучија еминентните имиња на овој жанр на музиката, XXL Банд и Елита Зибери, ДЈ Елиот и Самба, Snow Black и познатиот модератор и актер од Тетово, Бурхан Амити со Stand Up комедија.
На 24-ти јули, ја организиравме вечерата на кратките филмови. Автори на филмови кои се исто така од општина Боговиње, како проф. Сенад Абдули и г-дин. Агим Абдула, презентираа два кратки филмови од нивниот филмски опус, го претставивме и филмот на режисерот и продуцент г-дин. Арсим Фазлиу. Проф. Сенад Абдули беше прикажан со филмовите “Прекрасно време да се умре” и “Аида”, режисерот г-дин. Агим Абдула беше претставен со филмовите “Разговор за живот” и “Почетокот”, додека г-дин. Арсим Фазлиу беше претставен со филмот “Гробарот”. Учеството во овој настан, исто така, сведочеше за потребата од кино во нашата општина, особено за помладите генерации кои за првпат беа запознаени со овој начин на гледање филмови.
Палчиште беше домаќин на последниот настан на проектот “Општина Боговиње Слави”, каде што на 1 август на малиот фудбалски стадион се одржа “Концерт за народна музика”, со нивно учество на почестија женскиот хор “Теута “- Тетово, одличен уметник на популарната и граѓанска песна, маестро Јетмир Реџепи, две прекрасни рапсоди и маестро на ќифтелија, г. Кадри Селмани и г. Ариф Лума, додека учениците на о.у “Дервиш Цара” рецитираа некои поезии со тематика на печалбата.
2018 година беше првата година во која општина Боговиње го организираше проектот “Општина Боговиње Слави”, под покровителство на градоначалникот на Боговиње, Албон Џемаили. Ние веруваме дека следната година ќе имаме побогата програма.
На крајот, би сакале да им се заблагодариме на сите оние кои помогнаа и поддржаа реализација на овој проект: проф. Сенад Абдули, г. Јетон Пустина, г. Јетмир Реџепи, г-ѓа. Арбенита Мета, г-ѓа Шпреса Хашими, г. Африм Зибери, г. Басит Џафери и сите уметници кои учествуваа во овој проект. Посебна благодарност до Arberia Design за прекрасната соработка. Исто така, им се заблагодаруваме на спонзорите на овој проект: здружението на печалбари – Палчиште, Еуро бетон, Фриго Техника 2000, Екофлор, Флоар, Мујо Компани, Фриго Плус, Ресторан Haybori.
Од:
Организаторот на проектот “Општина Боговиње Слави”,
г. Елмир Сејфулаи
[lsvr_gallery images=”1040,1041,1042,1043,1044,1045,1046,1047,1048,1049,1050,1051,1052,1053,1054,1055,1056,1057″ items_per_row=”5″ masonry=”yes” click_action=”lightbox”]
Leave Your Comment
You must be <a href="https://new.komunabogovine.gov.mk/wp-login.php?redirect_to=https%3A%2F%2Fnew.komunabogovine.gov.mk%2F2018%2F08%2F03%2F%25d0%25bf%25d1%2580%25d0%25be%25d0%25b5%25d0%25ba%25d1%2582%25d0%25be%25d1%2582-o%25d0%25bf%25d1%2588%25d1%2582%25d0%25b8%25d0%25bd%25d0%25b0-%25d0%25b1%25d0%25be%25d0%25b3%25d0%25be%25d0%25b2%25d0%25b8%25d1%259a%25d0%25b5-%25d1%2581%25d0%25bb%25d0%25b0%25d0%25b2%25d0%25b8%2F%3Flang%3Dmk">logged in</a> to post a comment.